Определбата на компанијата е насочена кон продолжување и развивање на традиционалните вредности и квалитети на производите и услугите, преку прифаќање и спремност за спроведување на новите идеи и современи принципи на развивачки менаџмент.
Основната насока на развој е постигнување на вековна препознаеност која е карактеристична за матичните брендови, континуиран раст и имплементација на новите начини на маркетиншко и менаџерско работење. Тоа подразбира негување на односите со своите добавувачи и партнери, воспоставување на нови релации, унапредување и комплетирање на својата понуда во функција на задоволување на сензитивните потреби на секој купувач и краен потрошувач. Интерактивноста на развојот подразбира и унапредување на извозот на квалитетно вино и суровини, поддржување на законските реформи и регулативи, спроведување на највисоките лиценцирани стандарди на работење и определба за промовирање на здрав начин на живеење преку поддржување на спортскиот дух.