На почетокот на април, неколку кафулиња во Битола, Струмица и Штип ќе бидат домаќини на годинешниот Vigor Barmen Training кој се состои од бесплатни еднодневни обуки за подготовка на коктели.
Обуките ќе ги оддржат еминентните хрватски коктел – стручњаци Ведран Петровиќ и Ватрослав Јакелиќ. Ведран Петровиќ е поранешен државен првак на Хрватска и еден од десетте најдобри коктел-мајстори во светот, а моментално е потпретседател на Здружението на бармени на Хрватска, додека пак Ватрослав Јакелиќ е повеќекратен регионален првак во правење на коктели.
Сите заинтересирани може да се пријават електронски, со пополнување на следната пријава – линк.
Vigor Barmen Training ќе се оддржи вo следниве термини:
- 3 април, Битола – Мillenium, 13 h
- 4 април, Струмица – Art Plaza, 13 h
- 5 април, Штип – Angels, 09 h
По завршената обука учесниците ќе добијат уверение за успешно совладана едукација, а направените коктели ќе бидат достапни за дегустација од страна на гостите.
Со овој настан, всушност, започнуваме сезона на интензивни настани поврзани со уметноста на правењето коктели. По Македонија, следува и Vigor Barmen Training во Босна и Херцеговина, а летово ќе се одржи и традиционалниот Vigor Barmen Cup, најголемото коктел-натпреварување во земјава. Целта на сите овие настани е да се промовира коктел културата не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.
Повеќе за текот и деталите од Vigor Barmen Training може да прочитате на официјалната Фејсбук страница на Vigor Vodka.