Во текстот кој следува, наведени се основните правила и услови за користење на содржините на вебсајтот www.badel1862.com.mk. Ве молиме навремено да се запознаете со овие правила и услови, за да се избегнат сите евентуални недоразбирања во понатамошното користење на вебсајтот. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека сте во целост запознаени со нив и ги прифаќате. Доколку не се согласувате со правилата и условите, ве молиме да не го користите вебсајтот.

Постои можност правилата и условите на користење на вебсајтот од одредени причини да се променат. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека се согласувате и со сите евентуални промени.

За сите нејаснотии и приговори поврзани со правилата и условите, контактирајте на contact@badel1862.com.mk

Користењето на материјалите и содржините на вебсајтот е дозволено само за лични потреби.

 

ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Материјалите и содржините објавени на порталот, со исклучок на рекламните и преземените содржини, се во интелектуална сопственост на издавачот и смеете да ги користите само за лични, некомерцијални потреби. Со користење на порталот поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини.

 

За сите нејаснотии и приговори поврзани со правото на интелектуална сопственост, контактирајте на contact@badel1862.com.mk

 

НЕ Е ДОЗВОЛЕНО:

копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините објавени од www.badel1862.com.mk без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

 

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

Баско 2014 трејд не гарантира дека вебсајтот и сите негови содржини и делови ќе бидат секогаш достапни и на располагање на корисниците, како и дека нема да содржат грешки, компјутерски вируси, датотеки и програми кои можат да предизвикаат попречување, ограничување на работата или уништување на било каква компјутерска и друга слична опрема.

 

Сопственикот на вебсајтот се оградува од одговорност за:

  • било каква штета која корисниците ќе ја предизвикаат или претрпат при користењето на порталот, а е резултат на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функционалноста на порталот;
  • било каква штета настаната со користење на веб-страниците достапни преку линкови објавени на вебсајтот.
  • вистинитоста и точноста на податоците објавени во содржините преземени од други веб-страници;
  • било каква штета настаната од содржините преземени од други веб-страници.

 

ТРГОВСКА МАРКА

Бадел1862 е трговска марка регистрирана во …..

Сопственикот на трговската марка, доколку смета дека е потребно, може да отпочне правна постапка со цел да спречи неавторизирана употреба на трговската марка.