Џинот е алкохол со долга историја, која почнува уште од 17 век. Тој е алкохолен пијалок кој лесно се пие, што го прави многу погоден за мешање во коктели. Иако денес многу се користи водката за да се направат класични коктели како мартини, всушност во минатото џинот бил доминантен пијалок во коктелите.

Во овој блог пост ви ги претставуваме петте најпознати коктели со џин и нивните рецепти.

Martini

Состојки

4.5 cl Sax Dry Gin
1.5 cl Benedetto Vermouth

Подготовка

Сите состојки се ставаат во чаша за мешање со коцки мраз. Се мешаат добро. Се истураат во разладена мартини чаша. На тоа се цеди лимон и се додава маслинка како гарнир.

Negroni

Состојки

З cl Sax Dry Gin
3 cl Benedetto Vermouth
3 cl битер

Подготовка

Сите состојки се ставаат во чаша за мешање со мраз и се мешаат. Се сервираат и се гарнира.

Gin Tonic

Состојки

15 cl тоник
6 cl Sax Dry Gin
1 кришка лимон

Подготовка

Во чаша полна со коцки мраз, се додава џин и тоник. Се гарнира со лимон.

Gin Fizz

Состојки

6 cl Sax Dry Gin
9 cl сода
3 cl шеќерен сируп
2 cl Pago сок од лимон – лимета

Подготовка

Џинот, сокот од лимон и лимета и шеќерниот сируп се мешаат во шејкер полн со мраз. Се истураат во чаша полна со мраз на која се додава и содата.

Tom Collins

Состојки

6 cl Sax Dry Gin
9 cl сода
3 cl Pago сок од лимон – лимета
1 лажичка шеќер
1 кришка портокал
1 мараскино цреша

Подготовка

Џинот, сокот од лимон и лимета и шеќерот се мешаат во висока чаша полна со мраз, а потоа се додава сода вода, црешата и се сервира.