Љупчо Павловски – добитник на признанието „13 ноември“

Сојузот на спортови на Град Скопје вчераа ги додели престижните признанија „13 Ноември“ кои традиционално по повод Денот на ослободувањето на главниот град се доделуваат на истакнати спортисти и личности заслужни за спортот во главниот град. Еден од наградените е и нашиот управител, Љупчо Павловски, кој е награден поради своето долгогодишно залагање и спонзорство на […]

ЖКК Бадел 1862 со три повратнички

Дефинитивно оваа година ќе имаме исклучително силен тим. Во тимот се враќаат Анжелика Митрашиновиќ, која последните две години беше интернационалка, а Александра Иванова и Сандра Лазаревска кои играа во домашното првенство. Со ова ги засилуваме редовите пред почетокот на домашното првенство, каде освоивме двојна круна, и WABA, каде се надеваме на поголем успех. Воедно се […]

Второ американско засилување за ЖКК Бадел 1862

Со задоволство ве информираме дека управата на ЖКК Бадел 1862 потпиша уште еден договор со кој се надеваме дека ќе ги оствариме нашите амбиции. По Шанис Браун, раководството на „баделки“ ја потпиша и Кејтлин Матеу на еднагодишна соработка, сè со цел успешно да се одбрани титулата во домашното првенство, како и што подобар пласман во […]

Американско засилување за KK Бадел 1862

Женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 повторно пишува историја. Денес официјално го претставуваме новото засилување кое ни доаѓа од САД – Шанис Браун, која ќе биде првата Американка која заиграла во македонски кошаркарски клуб. Шанис е плејмејкер, и е висока 163 цм. Доаѓа од Универзитетот Клафлин каде минатата сезона остварила ефект од 12,2 поени, 2,9 скокови и исто […]

Тренирајте со ЖКК Бадел 1862!

Најтрофејниот македонскиот клуб ЖКК Бадел 1862 во историјата на македонската женска кошарка започнува со своја кошаркарска школа. Тренинзите ќе се оддржуваат во салата на основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје, секој вторник и четврток во 19:15. Заинтересираните може да се пријават на 077/530831 и 070/270849. Со ова, Бадел 1862 само ја продолжува својата посветеност на […]

ЖКК Бадел 1862 на силен меѓународен турнир во Либан

Во подготовките пред настапот во овогодинешната Јадранска лига, од 20 до 24 овој месец, кошаркарките на македонскиот шампион Бадел 1862 ќе учествуваат на силен меѓународен турнир во Бејрут, Либан. Таму, нашиот првак ќе се сретне со три исклучително силни противници, грчкиот гигант Панатинаикос, словенечкиот тим Атлете Целје и домаќинот на турнирот Ал Ријади и тоа […]

Каква сезона!

Сезонава е навистина една од најдобрите во нашата клубска историја! Кошаркарките на Бадел 1862 вчера ја освоија двојната круна во македонската кошарка, придодавајќи го шампионскиот трофеј на пехарот во Купот. „Баделки“ вчера ја совладаа екипата на МНА со 66-53 во Кавадарци и стигнаа до втор триумф во финалната серија, практично завршувајќи ја целата сезона без […]

ЖКК Бадел 1862 се закити со признанија од MКФ

Во саботата, во хотелот Александар Палас во Скопје, веднаш по завршувањето на Годишното Собрание на Македонската кошаркарска федерација, се одржа церемонија на која беа доделени наградите и признанијата за најдобрите во Македонската кошарка за изминатата година – 2014. Според резултатите од гласањето на клубовите од првите домашни лиги во машка и женска конкуренција, како и […]

Баделки утре ја започнуваат Јадранската приказна

Утрешниот ден е значаен за женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862, но и за македонската женска кошарка воопшто. Со почеток во 18 часот, во СРЦ Кале, Баделки во дуелот со загрепска Трешњевка 2009 ќе го одиграат својот прв официјален натпревар во Првата Меѓународна женска кошаркарска лига – Јадранска Лига. Како што беше нагласено на денешната прес-конференција […]