Љупчо Павловски – добитник на признанието „13 ноември“

Сојузот на спортови на Град Скопје вчераа ги додели престижните признанија „13 Ноември“ кои традиционално по повод Денот на ослободувањето на главниот град се доделуваат на истакнати спортисти и личности заслужни за спортот во главниот град. Еден од наградените е и нашиот управител, Љупчо Павловски, кој е награден поради своето долгогодишно залагање и спонзорство на […]

ЖКК Бадел 1862 на силен меѓународен турнир во Либан

Во подготовките пред настапот во овогодинешната Јадранска лига, од 20 до 24 овој месец, кошаркарките на македонскиот шампион Бадел 1862 ќе учествуваат на силен меѓународен турнир во Бејрут, Либан. Таму, нашиот првак ќе се сретне со три исклучително силни противници, грчкиот гигант Панатинаикос, словенечкиот тим Атлете Целје и домаќинот на турнирот Ал Ријади и тоа […]

Каква сезона!

Сезонава е навистина една од најдобрите во нашата клубска историја! Кошаркарките на Бадел 1862 вчера ја освоија двојната круна во македонската кошарка, придодавајќи го шампионскиот трофеј на пехарот во Купот. „Баделки“ вчера ја совладаа екипата на МНА со 66-53 во Кавадарци и стигнаа до втор триумф во финалната серија, практично завршувајќи ја целата сезона без […]

ЖКК Бадел 1862 се закити со признанија од MКФ

Во саботата, во хотелот Александар Палас во Скопје, веднаш по завршувањето на Годишното Собрание на Македонската кошаркарска федерација, се одржа церемонија на која беа доделени наградите и признанијата за најдобрите во Македонската кошарка за изминатата година – 2014. Според резултатите од гласањето на клубовите од првите домашни лиги во машка и женска конкуренција, како и […]

Баделки во посета на спонзорот во Загреб

Во рамките на редовното коло на Јадранската лига каде играа со Трешњевка од Загреб, кошаркарките на Бадел 1862 беа во посета на Badel 1862 каде беа срдечно пречекани од генералниот директор Иво Маркотиќ. На средбата се презентираше историјата на компанијата, просториите, работата на компанијата, производите итн. за кошаркарките подобро да го запознаат брендот кој го […]

Баделки со поддршка на кампањата против насилството врз жените

Најтрофејниот македонски женски кошаркарски клуб Бадел 1682 се приклучи на глобалната кампања “#16дена активизам – да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега”, која трае од 25 – ти ноември од 10-ти декември. Дел од кампањата е промена на профилната слика во портокалова боја и користење на хаштагот #OrangeUrHood со што се […]

Баделки утре ја започнуваат Јадранската приказна

Утрешниот ден е значаен за женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862, но и за македонската женска кошарка воопшто. Со почеток во 18 часот, во СРЦ Кале, Баделки во дуелот со загрепска Трешњевка 2009 ќе го одиграат својот прв официјален натпревар во Првата Меѓународна женска кошаркарска лига – Јадранска Лига. Како што беше нагласено на денешната прес-конференција […]