Triple sec – магија од портокали

SONY DSCСигурно некои од вас слушнале и пробале од фамозниот триплсек, пијалок кој допрва го дознаваат македонските сладокусци. Се работи за пијалок со долга и богата историја и софистициран начин на производство, кој сигурно ќе ја предизвика вашата љубопитност, а кој гарантирано ги задоволува вкусовите и на најпребирливите.

На француски јазик, triple sec значи три пати дестилирано. Иако многу алкохолни пијалоци се три пати дестилирани, овој назив најчесто се употребува за алкохолните пијалоци кои го добиваат вкусот и аромата од корките на слатки и горчливи портокали. Кога ќе чуете ‘горчливи’ би си помислиле дека овој пијалок исто така би бил горчлив, но најчесто овие портокали кои не се јадат имаат многу силен и ароматичен мирис, и пијалокот направен од нив има многу благ вкус. Најпознатиот вид на вакви портокали се одгледуваат на островот Курасао на Карибите.

Триплсекот настанал во 19-тиот век во Франција, а веќе кон крајот на истиот век станал популарен низ цела Западна Европа.

Триплсекот има софистициран начин на производство. Вистинскиот микс на различни видови портокали (што секогаш е деловна тајна) се суши на сонцето и потоа корките се мешаат со основниот алкохол (најчесто бренди или коњак). По првата дестилација, дополнителни корки се додаваат и се оставаат неколку денови за алкохолот да добие уште повеќе ароми и есенцијални масти. Потоа следува третата дестилација, во која се додаваат само срцевините на портокалите со најдобри ароми, што ни го даваат овој уникатен ликер. Конечниот дестилат има над 90% алкохол, па се раствора за да добие соодветна јачина.

Денес, триплсекот е омилен пијалок поради својата цитрусна арома и се пие чист, но почесто во некои од најпознатите коктели како што се Margarita, Cosmopolitan, Mai Tai, и многу други. Нашата препорака е да не чекате и да го пробате овој пијалок уште овој викенд, за што ексклузивно ви го донесовме Stock Triple Sec, еден од најпознатите брендови во светот.

Наздравје!

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*