Како се чува пенливото вино?

file7941299536859Пенливото вино е тип на пијалок кој едноставно секој мора да го има дома, бидејќи секогаш може да се најде убава причина за да се отвори шише пенливо вино. Меѓутоа, чувањето, отворањето, послужувањето на пенливото вино има свои трикови, кои е добро да се знаат за да се задржи вкусот, аромата и да се ужива во пиењето. За послужувањето на пенливо вино веќе пишувавме и ве запознавме со идеалниот начин на послужување. Денес ќе ви ги претставиме малите трикови за чување и отварање.

Како се чува пред да се отвори шишето?

Најдобо е шишето да е легнато на страна. На тој начин тапата е заштитена од сушење и уништување, а со тоа и расипување на вкусот на виното. Потребно е шишето да биде на ладно, темно и релативно влажно место со многу слаба, скоро и непостоечка промена на температурата. Идеално е температурата на виното да биде 10⁰. Може да трпи промена од еден до два степени, меѓутоа секој аголема разлика може да го расипе вкусот на виното. Бидејќи пенливото вино најчесто го купуваме отстоено со години, нема потреба купеното шише да го чуваме многу долго. Во одредени случаеви две години е максималниот период за кој е препорачливо да се испие пенливото вино.

Како се отвора шишето?

Пред да отворите шише пенливо вино, треба истото да го чувате најмногу два дена во фрижидер. За поголемо уживање во виното, можете да го ставите шишето и во замрзнувачот, но никако да не чувате таму повеќе од 30 минути. Истото важи и за чашите во кои се послужува виното. Прво се отстранува надворешната фолија, а потоа внимателно се отстранува жицата околу тапата. За да се заштитите од несакан удар, држете ја тапата цело време со едниот палец. Ставете крпа околу шишето за да се заштитие да не ве испрска виното. Потоа цврсто држете ја тапата и мрдајте ја напред-назад за да почне полека да излегува од отворот на шишето. Запомнете: бидете внимателни и правете го тоа полека, трпеливо – тапа ќе излезе сама.

Како се чува отворено шише?

Враќањето на тапата во шишето е едноставно, потешкиот дел е да се заврсти да не излегува од шишето. Наједноставно е да ставите на самиот отвор специјален затварач за вино. Потежок начин е да го испумпате кислородот од шишето на некој начин и само да ставите метална лажичка во отоворот. Ова е за најголемите љубители и фанатици на пенливото вино. 🙂 Откако ќе најдете соодветен начин да го затворите шишето, ставете го во исправена положба во фрижидерот. Не го чувајте отворено повеќе од неколку дена.
Ретко кога се случува Römer Krönung semi-dry пенливото да остане во отвореното шише. Комбинацијата на најдобрите вина од секоја поединечна берба го создава уникатниот пенлив вкус, кој ги скотка сите ваши сетила.

На здравје! 🙂


This entry was posted in Blog.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*