Зимски коктели – Стоплување на прва голтка

За викендот кој ни претстои се најавуваат ниски температури и ветровито време. Бидете безгрижни, ние се потрудивме коктел забавата да ја обезбедиме во вашите топли домови, со помош на рецепти за фантастични зимски коктели.

Без многу одолговлекување, во продолжение ви ги претставуваме најдобрите коктел вкусови што може да ве стоплат 🙂

Winter Solstice Cocktail

Состојки: (10 послужувања)

  • 350ml Vigor Vodka Classic
  • 14ml ликер од портокал
  • 14ml свежо цеден сок од портокал
  • Коцки мраз
  • Минерална вода
  • 1 ливче свежо нане
  • 1 малина за декорација

Подготовка:

Во шејкер ги комбиниравме водката, ликерот, сокот од лимон и мразот. Тресеме додека не се соединат состојките убаво. Потоа процедуваме во чаша за коктел и ја дополнуваме со минералната вода. Одозгора декорираме со листото од нане и малината, нденати на декоративно стапче.

Blood Orange Punch

Состојки:

  • 250ml Key Rum
  • 2 шишиња сок од црвен портокал
  • 750ml минерална вода со вкус на портокал
  • 3 супени лажици свежо цеден сок од лимон
  • Неколку капки Benedetto Vermouth
  • 1 портокал исецкан на тенки парчиња, и потоа замрзнати

Подготовка:

Околу 50ml од сокот од портокал го ставаме во сад за коцки мраз и го замрзнуваме. Откако ќе се направат коцките мраз, во голем сад за пунч ги ставаме сите состојки и мешаме убаво. На крај го додаваме мразот и замрзнатите парчиња портокал. Мешаме и послужуваме.

Ginger Sparkler

Состојки: (8 послужувања)

  • 750ml Römer Krönung
  • 100gr шеќер
  • 2 супени лажици ситни изрендан ѓумбир

Подготовка:

Во мала тава ги ставаме ѓумбирот, шеќерот и 60ml вода. Ги чуваме на оган и мешаме дури не добиеме течност со густина на сируп. Потоа го процедуваме сирупот во друг сад. Во високи чаши за коктел ставаме по една супена лажица од сирупот. Потоа ја дополнуваме чашата со пенливото вино и мешаме. Послужуваме.

Со кој коктел ќе се стоплите викендов? 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*