Англиски Божиќен пудинг со рум

Новогодишната атмосфера започнува да преовладува кај сите. Секоја домаќинка веќе темелно размислува што и како ќе се постави на празничната трпеза.

Знаеме колку многу време може да одземе одлуката за новогодишен десерт. Затоа денес го споделуваме со вас највкусниот десерт за празничната трпеза.

Англиски Божиќен пудинг со рум

Англиски Божиќен пудинг со рум

Традиционален божиќен десерт, омилен на Англичаните. Богат е со овошје, бадеми и слатки зачини. Вкусот на румот го зајакнува уживањето.

Состојки:

  • 40ml Бадел Домашен
  • 4 изматени јајца
  • 200gr шеќер
  • 2 кафени лажички цимет
  • 1 кафена лажичка каранфилче
  • 1 кафена лажичка мускатно оревче
  • 1 кафена лажичка сол
  • 240ml млеко
  • 150gr суви рибизли
  • 150gr сецкани бадеми
  • 80gr црно суво грозје
  • 80gr бело суво грозје
  • 100gr мешано конзервирано овошје
  • 100gr конзервиран цитрон
  • 120gr лебни трошки
  • 230gr несолен путер
  • 1 кафена лажичка пециво
  • 300gr брашно

Подготовка:
Во поголем сад ставете ги прво јајцата, шеќерот, циметот, каранфилчето, мускатното оревче, солта и млекотоо. Измешајте убаво. Потоа додадете ги рибизлите, бадемите, сувото грозје, конзервираното овошје и цитронот и путерот. Повторно измешајте. На крај додадете ги пецивото и брашното и измешајте убаво за да се добие хомогена смеса. Одвојте ја смесата во два сада за готвење и оставете ја да се свари на пареа наредните 4 часа.

Потоа фламбирајте го пудингот со румот и оставете го на суво ладно место. Англичаните го оставаат дури 30 дена, за да созрее вкусот. Откако ќе се олади, послужуваме и го декорираме по желба.

Приатјно уживање 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*