Здраво друштво!
Време е да се собереме и да видиме што ја одбележa 2016 на Twitter.
Спектакуларните Twitter награди кои ги организира Blokirame.mk се закажани за утре, 10.12.2016, со почеток во 20:00 во Кино Култура. Сабота е денот кога ќе дознаеме кои се најголемите шегаџии, кои се најмудри, кои се најсмешни, кои се многу сериозни твитерџии, а кои се вистинска вредност за целата Twitter заедница.
Четврта година по ред Badel 1862 со уникатните Pelinkovac Gorki и Pelinkovac Orange ќе биде присутен на настанот, задолжен за весело наздравување на победниците и утеха на оние со помалку среќа 🙂
Особена чест нѝ претставува што сме дел од големата Twitter заедница со која во изминатите четири изградивме прекрасна пријателска врска. Ве чекаме сите за да наздравиме и да ви се заблагодариме за фантастична дружба на Twitter во текот на целата година!