Кратка историја на алкохолните пијалоци

Рум, виски, водка, бренди, џин и текила – сите овие пијалоци денес ги има во различни бои, форми и големини. Сите имаат свој омилен пијалок, но токму флексибилноста на овие алкохолни пијалоци за нивна употреба во подготовка на коктели, оброци, колачи и торти, го прави изборот на пијалок од страна на потрошувачите поголем и поавантуристички. Просто е неверојатно да се поверува дека сите алкохолни пијалоци низ минатото се производ на само еден концепт: дестилацијата.

Дестилацијата е основата на процесот за добивање на алкохол. Со дестилацијата алкохолот се концентрира, а не произведува – како што многумина веруваат. Со вриење на послабо ферментираните течности, без-алкохолните елементи испаруваат многу брзо, со што помагаат да се издвојат алкохолните елементи. Така добиената течност потоа може да се чува со години, да се остави да старее, или пак може да се работи на промена и оплеменување на нејзиниот вкус.

Процесот на дестилација е идентичен за сите алкохолни пијалоци. Сепак, постојат разлики во состојките, вкусовите, типовите на казани за дестилација, староста на самиот алкохол. Овие разлики го креираат изборот во алкохолни пијалоци кој го имаме денес.

Податоци за првите процеси на дестилирани пијалоци постојат уште од 800п.н.е. кога во Азија започнал процесот на дестилација на оризовите пијалоци во алкохол. Многу подоцна, во 500н.е. на територијата на Англија започнало производството на медовина, алкохолен пијалок добиен со дестилација на медот.

Брендито пак својот претходник го добива во муслиманските провинции на Медитеранот околу осмиот век. Арапските алхемичари дестилирале различни видови грозје и зрнести овошја и експериментирале со производството на медицински алкохол, па оттука се доаѓа и до самото бренди. Набрзо брендито станало интернационално омилен пијалок поради лесниот транспорт на самиот пијалок.

Прв пат на европска територија водката се појавува околу 1400г. Првенствено била користена во медицински цели, но набрзо водката прераснува во одличен пијалок за загревање во предели со ладна клима.

До 1500г, флексибилноста во дестилацијата започнала да станува популарна и да зема замав, при што сите производители започнале со експериментирање и создавање сосема нови линии на алкохолни пијалоци. Виското го искористува вкусот на јачменот и ‘ржта, во потоплите предели започнува дестилацијата на шеќерна репка и се добива румот, Холанѓаните ја искористуваат аромата на плодот од смрека и го произведуваат џинот, додека пак Мексиканците синaта агава ја искористуваат за да добијат текила.

До денес процесот на производство на алкохолни пијалоци е напреднат неверојатно многу и изборот е фантастичен. Следен пат кога ќе уживате во голтката на вашиот омилен пијалок, сетете се на илјадниците години развој и историја што таа голтка ги носи со себе – задовослството ќе биде уште поголемо 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*