Васил Пеевски е најдобриот бармен во Македонија

vigor-barmen-cup-2016-448Во конкуренција на 24 бармени од цела Македонија, Васил Пеевски од Скопје го освои првото место на финалето на Вигор Бармен Куп 2016, кој се одржа оваа седмица во Хотел Александар Парк во Виница.

Неговиот коктел „Харибо“ го импресионира стручното жири од Хрватска во кое членуваа Марио Мајцен, повеќекратен хрватски шампион во флер категорија, Анте Жиго, основач на Сплитското здружение на бармени и Милан Стојиќ, бренд менаџер во Бадел 1862 Загреб.

Барменското ‘сребро’ му припадна на Ванчо Стојанов со коктелот „Мајка Тереза”, додека пак Златко Стојанов со коктелот „Vigor Me” освои трето место.

Освен во дегустација на коктелите на најдобрите бармени во Македонија, насобраната публика во „Aлександар Парк“ уживаше и во нивните ‘акробации’ со коктелскиот прибор. Во категоријата „флер“, во која бармените се оценуваат според егзибициите со кои ги прават коктелите, победи Бобан Васиќ од Скопје, додека второ и трето место освоија Александар Бошев и Филип Арнаудов. Се доделија и награди за најатрактивен коктел (Благој Богатиновски, „Red Storm”) и најдобра стручна работа (Методи Перункоски, „Simple”).

Ова е осмо издание на Вигор Бармен Куп, кој прерасна во своевидна традиција, чија основна замисла е коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*