Кул факти за текилата (прв дел)

file0001673447398Текила! Пијалокот на лудите и незаборавни журки до раните утрински часови. Без разлика дали ја пиете со сол и лимон или портокал и цимет, или пак можеби во некоја маргарита, сигурни сме дека следниве факти не сте ги знаеле и дека кај вас ќе предизвикаат уште поголема љубов за овој пијалок.

1. Текилата се произведува од едно многу специјално растение (што е прилично тешко за одгледување) и се вика сино агаве. Одгледувањето на ова растение е ограничено на мексиканската држава Халиско каде мексиканските закони единствено дозволуваат растење на агаве.

2. Мексиканската влада ги држи ексклузивните права на името текила. Дури и некој да најде адекватни услови за одгледување на растението, производителите би биле тужени ако се обидат да го продаваат произведениот пијалок како текила.

3. Најголемиот број на текили содржат пченкарен сируп и не се 100% направени од сино агаве.

4. Слично како и на виното, пивото и други алкохолни пијалоци, текилата има повеќе видови и стилов. Пределите на Халиско, богати со вулканска почва се поделени на планини и долини кои даваат посебен шмек на текилата. Текилата од високите предели малку потсеќа на ванила, додека од ниските предели има по-земска арома. Како и да е, после неколку текили, се сомневаме дека некој ќе направи разлика! 🙂

5. Иако текилата се произведува само во Мексико, над 70% од финалниот производ се извезува во САД. Уште полошо, над 60% од профитите направени од продажба на текила ги прават не-мексикански компании!

Додека го чекате вториот дел, ве охрабруваме да ги пробате двете текили Tres Sombreros Silver и Tres Sombreros Gold!

2 thoughts on “Кул факти за текилата (прв дел)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*