Коктел освежување за летните денови

Почнаа темепратурите над 30⁰ и веќе сите активно размислуваме како најбрзо и најдобро да се освежиме. Еден од најдобрите методи за освежување, потврден од милиони луѓе низ светот е уживањето во коктелите 🙂 И вие сигурно го знаете ова и сигурно веќе размислувате после работа со кој коктел ќе се опуштите и оладите. За да ви ги скратиме маките и да ви го збогатиме изборот, денес ви предлагаме одлични летни коктели од познатата Марта Стујарт. Еднаш веќе споделивме нејзини коктел рецепти со водка. Бидејќи сѐ уште не држи неповторливиот вкус на нејзините коктели, денес се одлучивме за следниве освежувачки летни коктели.

Коктел со рум, ананас и манго Badel Key RUm Состојки: (6 послужувања)

  • 120ml Key Rum
  • 940ml сок од ананас
  • 120ml вода
  • 2 ½ зрели овошки манго, излупени, плус половина манго исецкано на парчиња со лушпа (за декорација)
  • Парчиња свежо тропско овошје

Подготовка: Ставете ги манго овошките, румот и водата во блендер. Потоа сипете во чаши, отприлика по 60ml во секоја чаша. Потоа во секоја чаша досипете од сокот од ананас. На крај декорирајте со сецканите парчиња манго.

Лимонада со водка и мајчина душица Vigor Vodka Classic Состојки: (8 послужувања)

  • 470ml Vigor Vodka Classic
  • 940ml свежо цеден сок лимoн
  • 540gr шеќер
  • 120ml вода
  • 12 гранчиња свежа мајчина душица

Подготовка: Во тава ги ставаме водата со шеќерот и гранчињата мајчина душица. На јак оган ја ставаме тавата, мешаме додека не се стопи шеќерот. Потоа оставаме микост да се олади на собна температура. Потоа сирупот го ставаме во стаклен сад за чување течности, при тоа го процедуваме и ги отстрануваме гранчињата мајчина душица. Го оставаме да се олади убаво. Откако ќе се олади, го истураме сирупот во бокал за послужување заедно со сокот од лимун и водката и додаваме свежи гранчиња од мајчина душица. Послужуваме во високи чаши за коктели, кои претходно се полнат со коцки мраз.

Пунч со лубеница Benedetto Vermouth Состојки: (4 послужувања)

  • 350ml Benedetto Vermouth
  • 600gr лубеница исецкана на парчиња со дебелина од 3,5cm
  • 1 ½ лажичка шеќер
  • 600gr скршен мраз
  • Шеќерни цветови од љубичица за декорација

Подготовка: Лубеницата, Benedetto Vermouth и шеќерот ги ставаме во блендер. Мешаме отприлика 10 секунди, за парчињата лубеница да станат течни. Го додаваме мразот и мешаме во блендерот уште 3 секунди. Потоа сипуваме во чаши кои се претходно оладени, декорираме со цветовите и послужуваме. На здравје! 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*