Блогираме.мк и Бадел 1862 трета година по ред ветуваат супер забава на Твитер и Блогерски Награди

Декември почнува полека да ни останува омилениот месец во годината. И не само поради позитивната претпразнична енергија што се шири, туку и поради големата дружба со сите вас, драги твитерџии и блогери.

Pelinkovac и Twitter и Blogerski Награди

На 18ти декември се собираме на едно место да наздравиме за сите влијателни, невлијателни, смешни, сериозни, значајни и помалку значајни мисли преточени во твит или блогпост.

Традиционално, и оваа година Бадел 1862 ќе биде горд помагач на големата весела дружба. Повторно ќе ги зачиниме наградите со вкусот на Pelinkovac, но ќе обезбедиме и мошне пријатни изненадувања.

Блогерските и Твитер награди се настан се одржуваат четврта година по ред. Организатор е македонскиот блог-агрегатор Блогираме.мк. Според Јован Димитров, еден од основачите на Блогираме.мк. целта на настанот е да ги награди блогерите и твитерџиите кои ја подигнуваат граѓанската свест и кои овозможуваат да се креира заедница подготвена да креира и промовира содржина.

На 18ти декември ве очекуваме сите во Киното ‘Фросина‘! А до тогаш, седете на топло, чувајте се и евоцирајте спомени од минатогодишната средба преку сликите на Facebook страната на нашиот Pelinkovac.


This entry was posted in Blog.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*