Методи Перунковски е најдобриот бармен во Македонија

photo_2015-10-14_16-31-58Во конкуренција на 28 бармени од цела Македонија, Методи Перунковски од Гевгелија го освои првото место на финалето на Вигор Бармен Куп 2015, кој се одржа оваа седмица во Казино Фламинго во Гевгелија.

Неговиот коктел „The Selfie Stick“ гоимпресионира стручното жири од Хрватска во кое членуваа Ведран Петровиќ, заменик претседател на Хрватското здружение на бармени, Карло Дамијаниќ, хрватски шампион во категорија „флер“ и Вета Решетар, евент менаџер во Бадел 1862 Загреб.

Барменското ‘сребро’ му припадна на Ванчо Стојанов со коктелот „Чао Чао”, додека пак Васил Пеевски со коктелот „Skittles” освои трето место.

Освен во дегустација на коктелите на најдобрите бармени во Македонија, насобраната публика во „Фламинго“ уживаше и во нивните ‘акробации’ со коктелскиот прибор. Во категоријата „флер“, во која бармените се оценуваат според егзибициите со кои ги прават коктелите, победи Aлександар Бошев од Кавадарци, додека второ и трето место освоија Бобан Васиќ и Доне Најдов. Се доделија и награди за најатрактивен коктел (Марија Максимовска – Атанасовска, „Balkan Vampire”) и најдобра стручна работа (Мики Пецов, „Velvet Passion”).

Ова е седмо издание на Вигор Бармен Куп, кој прерасна во своевидна традиција, чија основна замисла е коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*