Совети за и околу мразот

Овие пеколни температури повторно не натераа да пишуваме за… мразот! 🙂

 

Општо познато е дека мразот е вода во цврста агрегатна состојба, и имајќи го тоа предвид, следува дека почистата вода создава почист и поквалитетен мраз, кој ќе го облагороди вашиот пијалок и/или коктел. Започнете веднаш со замрзнување на било каква вода: дестилирана, прочистена, минерална… Водата од чешма во Македонија начелно е добра за правење на мраз, но може да користите и минерална вода од шише.

 

Мразот се одржува свеж на тој начин што се постојано се полева со нова вода. Треба да се избегнува правење и чување на мраз во фрижидери каде што има риба или било кои други јадења и ароми што се непожелни за вашите следни пијалоци.

 

Класично, за правење на мраз се користат правоаголни калапи, но во последно време популарни се и кесички за мраз. Зависно од калапот кој го користите, мразот може да се обликува како сакате, во најлуди и најкреативни форми, како на пример, во форма на бродот Титаник. 🙂

 

Многу фрижидери се опремени со посебен дел кој прозведува коцки мраз, или пак кршен или дробен мраз. Доколку користите ваков фрижидер и вашите коцки мраз се ‘точат’ во кофа, осигурајте се мразот постојано да ротира така што посвежите коцки да бидат погоре.

 

Постојат посебни кофи за чување на мразот за време на забави. Тие се изработуваат на посебен начин и овозможуваат што подолго чување на мразот во нестопена форма.

 

Доколку сакате, во мразот може да ‘инјектирате’ ароми. Ова е навистина кул и едноставен начин да ги изненадите вашите пријатели. Така, на пример, во водата која ја користите може да ‘вбризгате’ малку рузмарин, нане, малку сок од портокал…


This entry was posted in Blog.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*