Четири нови пролетни вкусови

IMG_22052015_141133

Како што можеби знаете, воведовме нови четири прекрасни вкусови кои ќе ви ја разубават пролетта!

Višnjevac, новитетот на Badel 1862 во сегментот со ракии и ликери кој ги обединува најдобрите хрватски производи, произведен е од чист концентриран сок на автохтоната вишна Мараска. Со опојна рубин црвена боја, богата арома и раскошен мирис, Višnjevac гарантира прекрасен вкус и ги исполнува вашите сетила.

Orahovac е традиционален горко-сладок ликер со арома на орев, со познати лековити својства, кој гарантира уживање со незаборавен вкус и мирис. Чувањето на богатата природна арома на зелен орев е осигурано со традиционален начин на мацерација на раситнет плод на ореви во ароматичен дестилат. Најдобро се консумира добро разладен, послужен како аперитив или дигестив.

Medica е традиционален хрватски ликер, познат во некои краеви и како меденица, медовача или медовица. Бадел Медица својот незаборавен вкус и единствен мирис го должи на комбинацијата на два вида мед, од багрем, и од костен, карактеристичен и со благо горчлив вкус, на овој единствен ликер му дава препознатлив меден мирис и вкус. Се консумира разладена, како аперитив или дигестив.

Badel Borovnica традиционален ликер, произведен со спојување на црвено вино и опојна боровница, направен од природни состојки што му дава полн и богат овошен вкус и мирис. Се консумира разладено, а идеален е и во комбинација со традиционалните хрватски слатки.

Овие денови ви ветуваме поблиску запознавање со овие прекрасни ликери!


This entry was posted in Blog.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*