Закажуваме средба на 13 декември!

Минатата година дружбата на Блогерските и Твитер помина одлично. Една година подоцна среќни сме да споделиме со вас супер вест – на 13 декември нѐ чека уште една незаборавна дружба.

tviter nagradi

Оваа година честа да биде горд спонзор на Блогерските и Твитер награди му припадна на единствениот Badel Pelinkovac Gorki, потпомогнат од Badel Pelinkovac Orange.

Блогерските и Твитер награди се настан кој се одржува веќе трета година по ред. Организатор е македонскиот блог-агрегатор Блогираме.мк. Според Јован Димитров, еден од основачите на Блогираме.мк. целта на настанот е да ги награди блогерите и твитерџиите кои ја подигнуваат граѓанската свест и кои овозможуваат да се креира заедница подготвена да креира и промовира содржина.

Секојдневно се дружиме со сите твитерџии преку сите наши твитер профили – @Badel1862MK, @PelinkovacMK, @VigorMK, а со љубителите на пишаниот збор и преку нашиот блог. Сепак, Pelinkovac благодарение на својот уникатен слатко-горчлив вкус успеа најмногу да им се доближи на твитерџиите и да стане дел од фантастичната Твитер заедница. Искрено се радуваме на блогерските и твитер награди бидејќи се одлична можност виртуелната дружба да ја пренесеме и во физичкиот свет! 🙂

И оваа година ветуваме супер забава и дружење, слатко-горчливи подароци за најдобрите и пријатни изненадувања за присутните.

Во исчекување на 13 декември, да се загрееме со потсетување на забавата од лани, документирана во нашиот фото албум на Facebook. И секако, не заборавајте да гласате за вашите фаворити. 🙂

Се гледаме сите на 13.12.2014!

2 thoughts on “Закажуваме средба на 13 декември!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*