Идеален ордевер за коктел забава – дел 2

Пред некое време објавивме рецпет за ордевер кој е идеално надополнување на вашата домашна коктел забава.

Бидејќи сите љубители на коктели се весели луѓе, кои милуваат постојано да изненадуваат со пријатни домашни коктел забави, денес продолжуваме со вториот рецепт, кој би можеле да го пробате за викендот кој ни доаѓа. 🙂

Бадеми печени во соја сос и јаворов сируп

Печени бадеми во соја сос и јаворов сируп

Состојки

  • 300 грама бадеми, цели
  • 60ml соја сос
  • 3 супени лажици чист јаворов сируп
  • спреј за готвење

Подготовка

Загрејте ја релната на 150 степени. Во тава ставете хартија за печење и истурете ги бадемите врз неа. Печети ги 7-8 минути, дури не станат крцкави.

Во сад ставете ги соја сосот и сирупот и измешајте, па додадете ги и испечените бадеми и измешајте добро за сите бадеми да се потопат. Потоа хартијата за печење испрскајте со спрејот за готвење и истурете ги потопените бадеми внимателно.

Печете ги бадемите во релна додека не станат темно кафеави. Промешувајте на секои 1-тина минути. По печењето веднаш истурете ги бадемите врз друга хартија за печење, внимавајте да не се допираат меѓусебе. Оставете добро да се изладат, па послужете.

Пријатно јадење и уживање 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*