Vigor Barmen Cup 2014

IMG_29082014_145231

Особено сме среќни и задоволни што и официјално може да го најавиме и да вe поканиме на шестиот VIGOR BARMEN CUP ’14, најголемиот натпревар во подготвување коктели во Македонија! Оваа година, домаќин на купот ќе биде македонскиот бисер – Охрид! Купот ќе се оддржи во култниот охридски локал – Кадмо Бар на 20 септември 2014 (сабота). Деталната програма на настанот може да ја прочитате на овој линк.

Сите љубители на добрата забава, убавото време и она што оди со него – освежувачки коктели, ќе може да уживаат во мајсториите на нашите најдобри коктел-виртуози: сите коктели ќе можат да бидат дегустирани од посетителите. :)

Веќе имаме определено две натпреварувачки категории: long drink и flair за кои ќе се натпреваруваат најдобрите и најумешни бармени и коктел-мајстори во Македонија. Победниците на овие две категории ќе добијат вредни парични награди. Доколку сметате дека може да се качите на македонскиот коктел – трон, ве охрабруваме да се пријавите на ОВОЈ ЛИНК или на e-mail адресата badel@t-home.mk. (прочитајте ја и листата на пијалоци и правилата – 1 и 2). Се гледаме во Охрид!

One thought on “Vigor Barmen Cup 2014

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*