Летен фото предизвик со Badel Pelinkovac Orange

fotokonkursИмаме одлични вести за сите љубители на фотографијата и Badel Pelinkovac! По повод Social Media Day 2014, Badel Pelinkovac Orange ве повикува да ја споделите со нас и со останатите Pelinkovac фанови најкреативната и најубавата фотографија на тема „Портокал и Pelinkovac“ и да добиете награди кои ќе ве подготват за ова лето! 🙂 Од денешниот ден, па во текот на следните 10 дена, споделувајте ги вашите фотографии на нашите профили на социјалните мрежи Facebook, Twitter и Instagram – најдобрите три фотографии ќе добијат кул Pelinkovac награди! Прочитајте ги правилата.

Кој може да учествува во фото предизвикот?

Лица со навршени 18 години и постојано живеалиште во Република Македонија.

До кога трае фото предизвикот?

Од 30 јуни 2014 до 9 јули 2014. Победниците ќе ги прогласиме на 10 јули 2014.

Како да учествувам во фото предизвикот?

Преку споделување на креативна фотографија на социјалните канали на Badel Pelinkovac и тоа:
1. На Facebook – преку постирање на вашата фотографија или фотографии на ѕидот на нашата Фејсбук страница (на секоја фотографија додадете го и хаштагот #PelinOrange)
2. На Twitter – преку постирање на вашата фотографија или фотографии со користење на хаштагот #PelinOrange и ‘пингање’ на нашиот твитер профил @PelinkovacMK
3. На Instagram – преку постирање на вашата фотографија или фотографии со користење на хаштагот #PelinOrange и ‘тагирање’ на нашиот Инстаграм профил @PelinkovacMK Фотографиите се на тема „Портокал и Pelinkovac“.

Оставаме на вас да одлучите што конкретно ќе фотографирате, тоа може да биде шише Pelinkovac (или Pelinkovac Orange), чаша Pelinkovac (или Pelinkovac Orange), портокал, некоја поапстрактна композиција…

Фотографии со навредлива и политичка содржина нема да бидат земени предвид и ќе бидат избришани од профилите.

Што се наградите и како ќе се избираат победниците?

1. Прво место: Badel Pelinkovac ранец, Badel Pelinkovac Orange шише, BP пешкир, маица, капче, карти, тефтер, пенкало, запалка
2. Второ место: Badel Pelinkovac ранец, три мини Badel Pelinkovac, маица, капче, тефтер, пенкало
3. Трето место: Badel Pelinkovac термос, еден мини Pelinkovac, Pelinkovac свеќа, тефтер, пенкало

Наградите ќе ги бира жири составено од маркетинг тимот на Бадел 1862 – Скопје. Ви посакуваме многу креативност и среќа!

2 thoughts on “Летен фото предизвик со Badel Pelinkovac Orange

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*