Бадел 1862 – 150 Години: Епизода Втора

Пет години откако Фрањо Покорни ја основал првата хрватска модерна фабрика за ликери, во 1867 година претприемачот со словенечко потекло, Мијо Арко (Mijo Arko), на Каптол во Загреб започнал со трговија со вино и ракија на големо и мало. Тогаш започнува и вториот дел од големата приказна на Badel 1862.

 

Низ Хрватска, Мијо Арко набргу се прославил како вински трговец, меѓутоа не се осмелувал да навлезе во производство на алкохол. Тоа го направил неговиот син, Владимир Арко, кој поседувал не само модерно образование (енологија, хемија, помологија, аграр), туку имал и деловно искуство кое го стекнал низ европските метрополи. Во 1910, тој го преземал бизнисот од неговиот татко, и веднаш започнал со забрзана модернизација и проширување на компанијата.

 

Целосното име на фабриката АРКО (ARKO) гласело фабрика и рафинерија за шпирт, фабрика за квасец, фабрика за ликери, фабрика за етер и хемиски производи, веледистилерија на вински и овошни дестилати, големотрговија со вино и ракија“. Фабриката прераснала во своевиден хрватски гигант: ја подмирувала речиси целата побарувачка за етер во земјата, а кај широката јавност била популарна по својот коњак, пенливо вино, ракија, ликери...

 

Компанијата ќе ја преживее и Првата светска војна и Големата економска криза (1929 – 1933) која се одразила како во Хрватска, така и пазарите на кои извезувал Арко. Владимир Арко станал еден од најмоќните луѓе во хрватската економија – бил основач на Загребската берза, идеен двигател на првиот конгрес на стопанственици на Југославија во Белград, претседател на сојузот на индустријалци во Загреб, претседател на централната индустриска корпорација во Белград, но веројатно најбитна улога која ја одиграл бил петгодишниот мандат на претседател на реогранизираната трговско-економска комора во Загреб. 

 

За жал, ваквата видна позиција му донела и многу непријатели. По завршувањето на Втората светска војна, и покрај тоа што имал извесни симпатии спрема партизаните, неговата непопуларност кај работничката класа го довела во немилост кај новата народна власт. Не можејќи да го издржи притисокот, си го одземал сопствениот живот, додека АРКО била национализирана.

 

Без темелите кои ги поставиле Мијо и Владимир Арко, денешната успешна приказна на Бадел 1862 не би била возможна. Во 90-тите години на 20-век, името АРКО повторно се реактуелизира како неоспорно заслужно не само за развојот на Бадел, туку и на целата хрватска економија.

 

продолжува…


This entry was posted in Blog.

One thought on “Бадел 1862 – 150 Години: Епизода Втора

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*