Интервју со Љупчо Павловски


Брендовите на Бадел се првите кои во Македонија добиле ознака за Супербрендс од жестоки пијалаци. Што претставуваат за вас наградите и со кои се награди се има закитено Бадел?

– Компанијата Бадел 1862 д.д. Загреб и нејзините производи изминатите години ги добија ознаките Супербрендс за пазарите во Хрватска и во Босна и Херцеговина.А веќе оваа година и нашата компанија Бадел 1862 АД Скопје и баделовите производи ја добија ознаката Супербрендс (Macedonian choice 2011), како признание за квалитетот на нашите производи, нашата работа и односот кон потрошувачите, достапноста на производите, пополнетоста на продажната платформа, високиот индекс на дистрибуција.Покрај тоа, Бадел 1862 АД Скопје се јавува и како извозник на производи од Македонија и тоа околу милион литри вино, од 150 до 200 илјади литри вински дестилат, етил алкохол, гроздов концентрат, плодови од смрека и на тој начин финансиски увозот е речиси целосно покриен со извоз.Сето тоа придонесе за, според статистичките податоци за увозот на алкохолни пијалаци во 2010 година, Бадел АД Скопје да учествува со 56% од вкупниот увоз во физички обем, што не прави апсолутно најголем дистрибутер на алкохолни пијалаци во Македонија.Имено, Бадел 1862 АД Скопје, покрај продажбата и дистрибуцијата на баделовите производи, е ексклузивен застапник и дистрибутер на производите од реномираните интернационални компании Шток с.п.а. Трст, Р.Италија; сокови Паго-Клагенфурт, Р.Австрија; детски пенливи вина Соаре, Р.Чешка; пенливо вино Ремер-Херес, Р.Германија; узо Магија Серес, Р.Грција и дел од производите на Франк-Загреб. Секако, сето горенаведено придонесе први во Македонија да добиеме ознака Супербрендс за јаки алкохолни пијалаци, што за нас секако претставува големо признание, но и обврска во иднина да работиме на подобрување на квалитетот на производите, уште поквалитетна дистрибуција и поголема достапност на нашите производи.Компанијата Бадел 1862 д.д. Загреб има освојувано безброј медали и признанија за квалитетот на своите производи на домашно и интернационално ниво.

Како дел од процесот на изградба и одржување на лојалноста на купувачите, Бадел организира традиционални годишни средби со партнерите и соработниците. Која е целта на ваквите средби?

– Бадел 1862 АД Скопје до пред 16 години беше редовен учесник на Скопскиот пролетен саем за широка потрошувачка, кој се одржуваше во првата недела од јуни. Меѓутоа, оценивме дека саемот не ги задоволуваше нашите очекувања и барања, пред се од маркетиншки аспект, и од тие причини решивме нашите купувачи, доставувачи, соработници и деловни партнери да ги поканиме на едно заедничко дружење, забава во вид на пикник на убави локации во Македонија, каде што на едно место ќе можат да се дружат луѓето од трговијата и угостителството, да разменат искуства, да воспостават соработка, а воедно да уживаат во убав амбиент, да ги дегустираат нашите производи и да се забавуваат со убава музика, хумор и фолклор.На овој начин, покрај другото, успеавме да анимираме многу места во Македонија за кои сме слушнале, а не сме имале можност да ги посетиме. Првата средба пред 16 години ја организиравме во преубавиот манастир Јоаким Осоговски, па понатаму на различни места во Македонија, како што се Матка, Галичник, Крушино, Гратче, Велешко Езеро, Ловниот дом во Берово, Етно село и на крај Вевчани.На овој начин успеваме да ги анимираме нашите купувачи, да ја зголемиме нивната лојалност, да им овозможиме еден ден за релаксација и уживање.И не случајно овогодишната средба беше во знакот на мотото “20 ГОДИНИ СО ВАС“.

Бадел е покровител на Вигор бармен купот, натпревар на бармени од цела Македонија, кој почна со едукации, а прераснува во традиционален евент. Воедно, Бадел е спонзор на женскиот кошаркарски клуб Вигор. Ова се активности од спонзорски тип кои се многу значајни за имиџот и препознатливоста на овој бренд. Зошто ги избравте токму овие настани?

– Бадел 1862 АД Скопје, покрај другото, сакаше да ја зголеми културата на пиењекоктели, која беше на ниско ниво, како и подготвување на истите и така и нивното консумирање.За таа цел, решивме да организираме бесплатни едукации и тренинзи за бармените во Македонија, за што беа ангажирани врвни бармени од Хрватска кои имаат огромно искуство и знаење, пред се поради високоразвиениот туризам, особено на ривиерата на Јадранското Море.Вакви тренинзи организиравме четири години по ред во повеќе градови и интересот е се поголем од година во година. Логичен след на сето тоа беше да организираме и едно натпреварување на бармените да видиме како напредуваат и дали успеале да ги надградат своите вештини во подготвувањето коктели.Во 2009 година го организиравме првиот Вигор бармен куп со организирање четири полуфинални натпревари во Скопје, Охрид, Битола и Струмица, од кои најдобрите учествуваа на финалето во Скопје во хотелот Холедиј ин.Интересот беше извонредно голем, за најдобрите тројца имаше парични награди и за сите учесници награди во вид на производи од спонзорите. Жирито беше составено од врвни бармени од Хрватска, со што овозможивме непристрасно и правично оценување на коктелите.Со оглед на тоа што имаше голем интерес и задоволство од учесниците, решивме Вигор бармен купот да биде традиционален, така што во 2010 година се организираше и вториот куп, во казиното Фламинго, Гевгелија, кој беше оценет на највисоко ниво од страна на учесниците и гостите од Загреб, а квалитетот на коктелите беше на високо ниво, со што оценивме дека целта од тренинзите и купот беше исплатена во целост. На вториот куп организиравме и флер-натпреварување (жонглирање со шишиња и чаши), што беше многу интересно и атрактивно.Покрај другото, Бадел 1862 АД Скопје веќе 17 години е главен спонзор на ЖКК ВИГОР-Скопје, апсолутно најдобриот клуб во Македонија, со најголем број титули во сениорските и младинските категории на натпреварувања, најголем број титули во куп-натпреварувања. Од нашиот клуб се регрутираат најмалку 50% од репрезентативките на Македонија во сите селекции. За сиве овие резултати имаме и добиено и награда “13 Ноември“ во областа на спортот. Со оглед на тоа што рекламирањето на алкохолните пијалаци е ограничено, а јас сум бивши кошаркар и голем вљубеник во кошаркарската игра, решивме да спонзорираме во женската кошарка. Вложувањето во спортот е многу благороднаактивност, затоа што нема поефикасна превенција од зависност, правилен психофизички развој на младите девојки, јакнење на колективниот дух, солидарноста и хуманоста.

Наскоро стартува македонската интернет-страница на Бадел, посебна од досегашната заедничка интернет-страница на матичната куќа во Хрватска. Дали можеби планирате позасилена комуникација со купувачите и генерално, со јавноста, преку поголемо интернет-присуство и присуство на социјалните мрежи, како што е трендот меѓу компаниите во моментот, глобално?

-Секако, целта на отворањето интернет-страница независна од корпоративната на Бадел 1862 д.д.Загреб е позасилена комуникација со купувачите и генерално, со јавноста, преку присуство и на социјалните мрежи.Целта ни е нашата интернет-страница да биде интерактивна, да биде интересна за посетителите, да можеме да ги најавуваме сите активности поврзани со нашите купувачи (happy hour, натпревари на нашиот кошаркарски клуб, забави, Вигор бармен купот, комуникација со нашите деловни партнери од странство, формирање “фејс“-групи за одделни наши производи). Покрај другото, нашата интернет-страница ќе овозможи електронска трговија со нашите производи во догледно време.

Кои се вашите визии, развојни правци за иднината на брендот Бадел?

– Определбата на компанијата е насочена кон продолжување, развивање на традиционалните вредности и квалитети на производите и услугите преку прифаќање и подготвеност за спроведување нови идеи и современи принципи на менаџмент.Основната насока на развој е постигнување вековна препознатливост на матичните брендови, која е карактеристична за истите, континуиран раст и имплементација на новите начини на маркетингшко и менаџерско работење.Тоа подразбира негување на односите со своите доставувачи и партнери, воспоставување нови релации, унапредување и комплетирање на својата понуда во функција на задоволување на сензитивните потреби на секој купувач и краен потрошувач.


This entry was posted in Blog.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*