Пријави се за Badel Masterclass 2023!

Почитувани бармени, На 3 мај во Ragusa360 – Rooftop ќе се одржи еден од најголемите настани во коктел историјата кај нас – Badel Masterclass! Повеќе еминентни познавачи од алкохолната индустрија од Хрватска и Македонија најпрво ќе одржат семинар за Badel алкохолните пијалоци и миксологијата, а потоа вечерта се стартува големиот регионален натпревар! Вашиот signature коктел […]

Merakliska

Внимателен избор на најдобрата суровина и бавна, многу бавна дестилација резултираа во најфиниот 100% вински дестилат. Секоја капка од Мераклиска – природна жолта лозова ракија,повеќепати го поминува својот пат до совршенството низ 20 метарската колона во дестилеријата на саат кулата на винарската визба Имако Вино за да овозможи премиум вкус за Ваше уживање.

Vodka Cocktail

Вигор коктел водките се линија на овошна водка, односно специјален ликер на база на водка, со намалена алкохолна јачина (од 15% до 27% волумен/алкохол). Наменети се за новите генерации и за сите оние кои сакаат да бидат дел од новата култура, како и за оние кои го сакаат мирисот и вкусот на овошјето во пијалок […]

William's

Бадел Вилијамс е овошна ракија од крушка вилијамовка, најпозната сорта на крушка чиј мирис и вкус се сочувува со внимателно дестилирање. Се конзумира како аперитив, добро разладена за да нејзината ароматичност и освежувачко дејствување би дошло до израз со парче свежа крушка.

The Old Plum Brandy

Бадел Хрватска Стара Шљивовица е најпозната ракија на Бадел 1862. Се произведува со дестилат на домашна слива бистрица, но по некоја тајна на нејзиното правење, чување и отстојување ја прават Бадел Стара сливовица единствен пијалок кој се пие во секоја прилика. Бадел Хрватска Стара Шљивовица има култен статус кој најдобро може да се разбере ако […]

Stock Amaretto

Италијански ликер од бадеми со 28% алкохол.Богат вкус на бадеми кој се пие чист, со коцки мраз, или како состојка за подготвување на вкусни коктели. Неретко се користи и како додаток во кафе, колачи и сладолед.

Triple Sec

Триплсек (со значење “три пати дестилирано”) е јак, сладок и безбоен ликер со вкус на портокал. Направен е од пресуваната кора од портокали кои се одгледуваат на Curacao, остров на Карибите. Идеален е за коктели за сите сезони.

Limoncé

Лимонче е типичен италијански препознатлив пијалок. Лансирањето на овој производ во 1997г. од страна на компанијата Stock Spirits, означи пресврт кај ликерите врз база на лимон, трансформирајќи ја дотогашната локална конзумација во формирање на широк пазар. Иновативното име, бренд, пакување и комуникација со потрошувачите, поставија нови стандарди во целиот тој сегмент. Сепак, еден квалитет остана […]

Badel Cherry

Badel Cherry е овошен ликер од домашна вишна мараска. Плод на ароматична сорта со извонреден квалитет на среднодалматинско тло и клима. Badel Cherry е првиот напиток кога ќе го посакаме вкусот на пролетта.

Menthol

Ментолот е уште еден традиционален ликер, состојка за многубројни коктели. Популарен е поради популарноста на коктелите и измешаните пијалоци. Зборот „ликер“ потекнува од латинскиот збор liquifacere, која значи да се „натопи“, а при тоа се мисли на натопување на нешта кои му даваат богат вкус на ликерот.