Почитувани бармени,
На 3 мај во Ragusa360 – Rooftop ќе се одржи еден од најголемите настани во коктел историјата кај нас – Badel Masterclass!
Повеќе еминентни познавачи од алкохолната индустрија од Хрватска и Македонија најпрво ќе одржат семинар за Badel алкохолните пијалоци и миксологијата, а потоа вечерта се стартува големиот регионален натпревар!
Вашиот signature коктел на база на Antique Pelinkovac може да ви донесе можност да се натпреварувате на финалниот Badel Masterclass натпревар во Загреб!
Badel Masterclass ќе ти овозможи да стекнеш нови знаења, да создадеш нови контакти, да се истакнеш и да оствариш идни бизнис можности. Badel Masterclass не е само натпревар во изработка на коктели туку можност за сите вљубеници во уметноста на коктелите да направат нов чекор во својата кариера! Сите учесници на обуката и натпреварот ќе добијат соодветен ертификат.
Да потсетиме и дека добитникот на главниот натпревар во Загреб ќе добие награда од 4000 евра!
Прочитај ги правилата и листата на пијалоци пријави се веднаш на marketing@badel1862.mk. Повеќе информации на badelmasterclass.com.