Убава приказна од Хрватска – Бадел 1862 (дел шести)

Преведен фељтон од Jatgrovac.com 

 

Кога станува збор за унапредувањето на производите, нивното репозиционирање во рамките на соодветните категории и осмислувањето на пазарниот настап – во Бадел темелите се веќе поставени.

Притоа стратешкиот план е по лансирањето на производот да има и втор чекор, а тоа едуцирањето на пазарот, без разлика дали станува збор за угостителите, продажните претставници или крајните потрошувачи.

Пријатниот разговор продолжи и при посетата на производните линии во Житњак – фабриката каде што се случува целото производство.

Интензивно се работи на модернизација на самиот објект, како и на вложувањата во современи машини со врвни технички и технолошки можности. Последна во низата инвистиции беше новата машина за етикетирање и за пакување, инвестиции кои се нужни за во производството да се вметне редизајнот на шишињата и етикетите и комплетното ново маркетиншко обликување на производните линии Vigor и Sax. ,

Секој производен погон има некој свој шмек, свои мириси, посебна енергија.

Производите асоцираат на опуштање, забава и среќни моменти и додека шише по шише Sax џин проаѓа пред вашите очи не може, а да не помислите на мраз, тоник и кришка лимон и да се сетите на завршениот годишен одмор.

Среќа беше петок, па ако имав било какво двоумење како ќе ја поминам таа убава, летна вечер – сега такви дилеми немав, на репертоарот беше леден џин тоник, соодветен за крај на еден убав и интересен ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*