Убава приказна од Хрватска – Бадел 1862 (петти дел)

Преведен фељтон од Jatgrovac.com 

Во Бадел го антиципираа правецот на движење на пазарот па веќе некое време интензивно работат и на ребрендирање на своите брендови од сегментот жестоки алкохолни пијалоци. Веќе ги споменавме Pelinkovac и Korlat ракиите и ликерите, а ова лето главни играчи беа Sax Gin и Vigor vodka, кои со подобар квалитет добија потполно ново руво и пазарен идентитет. На редизајнот работеше светски познатото студио Claessens од Лондон во соработка со хрватскиот дизајнер Предраг Загорец, а во Бадел се исклучително задоволни од првите реакции на пазарите по лансирањето.

Трендовите во категоријата жестоки алкохолни пијалоци се многу динамични и бараат постојано пратење на движењата, а за тоа најдобар пример е категоријата џин која во текот на 2017 година порасна дури за 46 проценти, додека по волумен растот беше 29 проценти. Трендот на прогресивен пораст продолжен е и лани како и во досегашниот тек на 2019 година па тоа е категоријата која ги „влечеше за ракав“ Баделовците да дадат нов здив на брендот Sax, кој на пазарот е сега присутен во три варијанти: Original, Ginger и Pink. Vigor со ребрендингот исто така доби три варијанти – Original, Berry и Citrus – и ја зацврсти својата позиција во „мејнстрим“ категоријатна водки (таму каде што Svarog е премиум претставник).

„Меѓутоа, нашите активности за освежување на производното портфолио не застанаа тука. До крајот на годината може да го најавам и ребрендингот на нашиот познат Prima Brand кој конечно ќе добие модерно шише како што овој бренди и заслужува со својот исклучителен квалитет. Не смеам да откривам премногу за тоа што ќе следува бидејќи имаме големи планови и со другите брендови, но може да најавиме и ново издание на Badel Šljivovica за нашите повозрасни потрошувачи “, најавува Весна.

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*