Преведен фељтон од Jatgrovac.com
„Добро што дојдовте денес бидејќи веќе во понеделник одам во Бенковац, каде што ќе поминам некое време. Многу работа не чека во дестилеријата“, вели баделовата мастер-дестилерка која во компанијата ја нарекуваат „Тета Пелин“. Таа не е одговорна само за совршениот вкус на брендот Пелин, кој пред неколку години ја доби исклучително успешната екстензија Antique, туку и за останатите брендови како што е Корлат кој освен врвните вина во своето портфолио нуди и премиум ракии и ликери кои се прават од врвни сировини, рачно се пакуваат и се по своите обележја крафт еколошки производи.
„Корлат е првото лозје во камен во Хрватска и тоа е локалитет кој е навистина мегичен и заедно со винаријата која е изградена на традиционален начин поседува голем туристички потенцијал. И тука има простор за соработка со локалната туристичка заедница за да воведеме организирани посети како на хрватските така и на странските туристи и да им понудиме единствено искуство и да ја прошириме приказната за нашата работа и производи“, истакнува Весна и притоа додава дека во фаза на разгледување на е изградба на новата модерна винарија во Бенковац бидејќи потребите на производството се веќе на ивицата на капацитетот на постоечката винарија. Не заборави да ја спомене и винаријата Дарувар која претходната година направи ребрендирање на своите квалитетни и врвни вина под единствениот бренд Vezak.
Продолжува…