Преведен фељтон од Jatgrovac.com
„Работам во Badel од 1996 година и може да кажам дека никогаш не сум била повозбудена бидејќи сметам дека нe’ чекаат многу добри работи во иднина. Новото раководство на чело со Дарко Кнез во изминатата година направи многу за нашето работење да се стабилизира, а појдовната точка беше целото знаење и богато искуство кое внатрешно го поседуваме да го стави во функција на пазарниот успех. Комуникацијата е во потполност отворена и преку размена на мислења носиме одлуки кои потоа ги имплементираме на пазарот“, вели Весна Јурак и додава дека тоа што особено ја радува е што во новата бизнис стратегија во прв план се токму – луѓето.
Во истражувањето и развојот на бизнис сегментот жестоки алкохолни пијалоци (ЖАП), со директорката Весна Јурак се и Мирела Крајновиќ, главен технолог во развојот на ЖАП, потоа Рената Сахор, технолог 1, Мислав Јелашиќ, технолог 2 и Ален Костиќ, технолог 3, додека најблиски соработници се Дубравко Ќука, директор на бизнис сегментот Вино, раководителот на производство на вина Младен Форко и енологот Валентино Херцег. Без тимската работа на овие стручњаци и нивното знање кое се подготвува во шишињата со се’ подобар дизајн – тешко е да се замисли иднината на Badel 1862, компанијата која во моментов има околу 300 вработени, а плод на нивната работа е годишна продажба во сегментот жестоки алкохолни пијалоци од 8.5 милиони литри и вино од 3 милиони литри.
Продолжува…