Убава приказна од Хрватска – Бадел 1862 (втор дел)

Преведен фељтон од Jatgrovac.com 

Петок, типичен ден во доцен август, иако живата во термометаро покажуваше некој степен повеќе од просекот за тоа доба од годината. При доаѓањето до зградата на Бадел на загрепскиот Житњак, ги затекнуваме работниците кои во дворот на управната зграда забрзано работат на тротоарите и уредувањето на тревниците. Новиот влез во зградата е направен од масивни дрвени скали па веќе овде може да се почувствува спојот на модерното и традиционалното кој е длабоко вткаен во приказната на сите брендови на овој производител. На врвот од скалите со широка насмевка не’ пречекува Весна Јурак, мастер дистилерка и директор на производство на жестоки алкохолни пијалоци во Badel 1862.

Се запознавме пред повеќе од три години кога работевме на серијал репортажи во одделите за истражување и развој во хрватските компании, а Бадел беше една од првите компании чија приказна ја објавивме. А приказната е долга век и половина. Тогаш разговаравме со Весна и нејзиниот колега Дубравко Чуко, енолог и директор на производство на вина, во просторите на фирмата кои беа функционални, но се гледаше дека чезнеат за модернизација и нов здив на свежина. И токму таа промена сега ми падна на око.

Потполно реновираниот влез е така декориран да го запознае посетителот со компанијата и нејзината историја бидејќи преку целиот ѕид на сталаци се изложени сите производи на компанијата. Тука и модерно дизајнираната рецепција над која на ѕидот се наоѓа големиот брендинг на Бадел, за посетителите кои треба нешто да почекаат на крајот од просторијата ги чека удобна аголна гарнитура. Весна гордо ни ги покажа и останатите убави и функционално уредени простории кои се именувани по брендовите па така имаат сала Корлат, сала Пелин, сала Вигор и други – секој со своја намена: за состаноци, амфитеатар за презентации на бизнис партнерите, за тејстинг итн..

„Работите се при крај. Сакавме да ги уредиме салите на автентичен начин така што и самиот простор да влијае на квалитетот на секојдневната работа. Воедно се уредуваат и останатите простории бидејќи и менаџменот и останатите бизнис операции кои досега се обавуваат во Влашка улица се селат овде кај нас “, зборува Весна и нагласува дека самиот факт што сите ќе бидат на едно место многу ќе го забрза и олесни секојдневното работење. Обновата и модернизацијата на зграда на една локации се симбол на новата бизнис ориентација и долгорочната стратегија на компанијата која под новото раководство доби прецизни рамки и насоки.

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*