Убава приказна од Хрватска – Бадел 1862 (прв дел)

Преведен фељтон од Jatgrovac.com 

Badel 1862 е еден од најстарите хрватски производетили чии брендови се вистински икони во своите категории. Компанијата низ историјата прошла низ многу турбулентни периоди, а предизвиците не се намалија ниту по осамостојувањето на Хрватско. Нестабилната сопственичка структура не придонесуваше за искористување на сите потенцијали на оваа компанија, а деловниот успех главно се градеше на старата слава на традиционалните брендови и големиот ангажман на стручњаците на Бадел.

Последните неколку години компанијата живна и направи ребрендирање на познатиот Pelinkovac, го претстави премиум брендот Korlat во категоријата на вина и ракии, а и Svarog водката е исто така лансирана со силна кампања. Веќе со овие неколку примери се виде колку простор за раст е останат бидејќи брендовите на Бадел се редовно наградувани на натпреварите за квалитет, како во Хрватска, така и на големите меѓународни манифестации. Сите состојки беа тука, единствено недостигаше јасна и долгорочна стратегија за развој. „Сега го имаме и тоа“, велат во Бадел.

Продолжува…

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*