Баделова средба 2022

По двогодишна (оправдана) пауза поради пандемијата се одржа традиционалната Баделова средба.

Средбата се одржа на 9 јуни во Етно гостилницата Воденица 3 во близина на Крива Паланка.

Во опуштена атмосфера и во прекрасно време (наспроти прогнозата!) се видовме со нашите најважни партнери и соработници и уживавме во програмата која ја водеше маестралниот македонски актер Сашко Коцев.

На средбата пред партнерите се претстави новиот генерален директор – Златко Ивановски кој симболично ја презема „палката“ од Љупчо Павловски, чие тридецениско искуство компанијата ќе го ползува и понатаму, бидејќи ќе има советодавна улога.

Бевме почестени и со присуството на Јасмин Јурковац, директор за продажба во Badel 1862 Загреб и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Во продолжение неколку фотографии од средбата, а  сите фотографии може да ги најдете на нашата официјална Фејсбук страница.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*