
На почетокот на годината, добри вести доаѓаат од Брисел за Antique Pelinkovac.
Во голема конкуренција на светски брендови, Antique Pelinkovac ја освои наградата Superior Taste Award, доделена од стручното жири на International Taste Institute кое брои повеќе од 200 членови, на што секако сме многу горди.
Antique е опишан како исклучителен производ, со специфична и интензивна арома и мека горчливост на пелинот. Antique доби одлични оценки и за бојата, која е интензивна и карактеристично за билните ликери со ќилибарен отсјај. На крајот, пофален е и пријатниот и примамилв мирис со одлична рамнотежа со добро воедначени ноти на звезден анасон и корен од сладунец.