Badel Pelinkovac по седми пат пријател на #твитернагради

Ни претставува особена чест и задоволство да објавивме дека и оваа година ќе бидеме дел од традиционалните #ТвитерНагради. По среќен, 7-ми пат!

 

Твитер наградите се во организација на blokirame.mk, и опфаќаат речиси 30 категории, меѓу кои највлијателен твитерџија/ка, најдобар твит во 2019итн. Номинациите ги прават самите блогери и твитерџии.

Победниците ќе се изберат по пат на гласање, а официјалното врачување на наградите ќе се случи на 14 декември 2019 во Кино Милениум. Како веќе редовни гости на настанот, ние ќе бидеме присутни на самиот настан и ќе го поддржиме.

Ова е наша седма година на поддршка на македонската твитер заедница. Со нашите Pelinkovac Gorki и Pelinkovac Orange ќе бидеме присутни на настанот, задолжени за весело наздравување на победниците и утеха на оние со помалку среќа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*