Со особена гордост и задоволство најавуваме дека вискито The Dubliner ќе биде дел од првиот скопски виски фестивал – Skopje Whiskey Fest!
Фестивалот ќе се одржи овој викенд (22 и 23 ноември) во Хотелот Мериот Скопје, со што Скопје ќе се најде на мапата на градови каде што се одржуваат виски фестивали.
The Dubliner е совршен вовед во ирското виски за тие кои сакаат пристапно, мазно виски кое функционира подеднакво добро чисто, или во ирско кафе или коктели. Се произведува во Dublin Liberties Distillery, дестилерија лоцирана во оригиналниот центар за дестилирање во Даблин, Ирска. Се надеваме дека токму The Dubliner ќе го освои вашето срце од навистина широкиот избор на вискија достапни за дегустација!
Инаку, друштво ќе му прави Antique Pelinkovac, кој ќе се најде во делот со жестоките алкохолни пијалоци. Antique e премиум верзија на брендот Badel Pelinkovac изготвен специјално за прославата на 145 години од Pelinkovac и Badel1862.