Дојде и тој дел од годината! Возбудени сме за новиот, освежен Vigor Barmen Cup, кој ќе го дочекаме во ново руво.
Веќе најавивме дека 30 септември и 1 октомври се денови резервирани за Vigor Barmen Cup 2019, најстариот натпревар во подготвување коктели во Македонија. Принципиелноста и објективноста на меѓународното жири кои ги оценува коктелите и нивните мајстори се добро познати во коктел-круговите во Македонија, и токму затоа да се добие титулата Најдобар коктел мајстор не е само престиж, туку и големо признание за стручноста и мајсторлакот на победникот.
Но, Vigor Barmen Cup не е само натпревар. На Vigor Barmen Cup се склучуваат нови пријателства, се разменуваат неверојатни искуства, се учи и дознава нешто ново од светот на коктелите, се создава искрено позитивна атмосфера во која подеднакво уживаат и натпреварувачите и публиката.
Без разлика дали си почетник или напреден коктел мајстор, пријави се на Vigor Barmen Cup 2019 и здобиј се со уште едно незаборавно искуство.
Смисли го уникатниот рецепт за коктел, пријави се на следниот линк и не заборавај да ги прочиташ и правилата за учество. Целосната листа на пијалоци може да ја погледнете тука.
Сите оние кои сакаат да ја збогатат атмосферата на Vigor Barmen Cup, ги чекаме на 30 септември и 1 октомври во прекрасниот хотел Glorius, во Велес!
Се гледаме на Vigor Barmen Cup 2019!
P.S. Дојдете на време за да си обезбедите подобро место за гледање и уживање во коктелите 🙂