Уживањето во некој пијалок или коктел секогаш зависи од вкусот на пијалокот или состојките на коктелот. Никој никогаш не одбил да проба пијалок или коктел кој бил уникатно украсен со парче овошје.
А верувале или не, декорирањето е прилично едноставна и забавна активност. Големите мајстори вообичаено своите трикови ги чуваат само за себе, но ние денес ќе споделиме со вас неколку финти како на гостите да им го разубавите пијалокот уште повеќе.
Го одбравме портокалот, затоа што поради својата арома и вкус најдобро оди со сите коктели и пијалоци.
Кружни парчиња
Наједноставно декорирање. Сепак, следете ги следниве чекори за перфектно кружно парче:
- Пресечете ги прво краевите на портокалот
- Пресечете парчиња од 5 до 10 милиметри дебелина
- На секое парче направете пресек од средината до крајот на портокалот
- Ставете внимателно на чаша
Полумесечинки
Повторете ги чекорите како за круќните парчиња, со тоа што пред да го ставите на чаша ќе направите и:
- Кружното парче ќе го пресечете на половина
- На половинката ќе направите пресек од кората до средината и потоа ќе го ставите парчето на чаша
Спирала
Елегантно и весело украсување на пијалокот.
- Портокалот држете го цврсто со едната рака
- Специјалниот нож за лупење ќе го вдлабите во портокалот точно до белиот дел од портокалот, внимавајте да ја зафатите само кората
- Со смирено движење вртете го полека поротокалот во вашата рака, а со ножот полека лупете без да сецкате и да ја прекинувате кората
- Потоа кората свртете ја во спирала и нежно стиснете ја за да ја задржи формата
Трик: за да ја задржат формата подолго време, откако ќе направите спирала кората веднаш ставете ја во чаша со мраз ладна вода и оставете ја неколку минути.
Имате вие некој уникатен начин на декорирање со портокал? Споделете го, преку фотка или со коментар.
Во меѓувреме ве потсетуваме дека портокалот како декорација дефинитивно најубаво се вклопува со Badel Pelinkovac Orange. 🙂