Изминатата недела, како и секоја година традиционално се одржа Баделовата средба – 24-ра по ред.
Средбата се одржа на 13 јуни во хотел Панорама во прекрасното Крушево.
На средбата беа претставени новите дизајни на Vigor Vodka и Sax Gin. Гостите можеа да уживаат во дегустација на новите, подобрени вкусови на овие два веќе добро познати брендови.
Бевме почестени со присуството на Дарко Кнез, сопственик на Badel 1862 Загреб, Хрвоје Тандара, бренд менаџер на Badel 1862 Загреб и Далибор Кулишич.
Во продолжение неколку фотографии од средбата, а наскоро сите фотографии ќе може да ги најдете на нашата официјална Фејсбук страница.