По толку часови поминати пред телевизорот, конечно ќе дознаеме кој ќе седне на тронот. По тој повод, последната епизода заслужува да биде проследена со некои од следните коктели инспирирани од серијата. Или пробајте некој од #1 или #2.
Highgarden
- Нане
- Босилек
- 1 лажица шеќер
- 5 cl сок од зелен лимон
- 8 cl Sax Gin
- Тоник
Во шејкер ставете 4 листови нане, 4 листови босилек, шеќер и добро истолчете. Додадете џин, сок од зелен лимон и протресете. Сипете во чаша и додадете тоник. Декорирајте со парче лимон и листови нане и босилек.
The Wildlings
- 4,5 cl Vigor Vodka
- 1,5 cl сок од боровница
- 1,5 cl сок од лимон
- 0,25 cl газирана вода
Измешајте ги сите состојки заедно и сервирајте во чаша со кршен мраз.
The White Walkers
- 3 cl Sax Gin
- Сок од лимон
- Тоник
- Шеќер
Ставете го тоникот во сад и ставете во замрзнувач додека комплетно не замрзне. Рабовите на чашата порабете ги со лимон и шеќер и чашата ставете ја во фрижидер.
Земете го замрзнатиот тоник и искршете го на помали парчиња. Ставете го во оладената чаша и врз него истурете ги другите состојки.