Коктели кои секој фан на Game of Thrones треба да ги проба #1

Доколку и вие со нетрпение чекате да дознаете кој ќе седне на тронот, тогаш сигурни сме дека ќе ви се допаднат следниве коктел рецепти. Следната епизода гледајте ја во друштво на некои од овие забавни коктели.

The Queen

Во шејкер полн со мраз додадете виски, сок од лимон и шеќерен сируп. Протресете добро. Процедете во чаша полна со мраз. Со лажица на врвот полека додадете малку црвено вино за комплетно да не се измешаат состојките.

За да направите шеќерен сируп, само загрејте еднакви делови на шеќер и вода сѐ додека шеќерот не се раствори, а потоа оставете ја смесата да се олади.

The Little Dove

Во висока чаша ставете две парчиња лимон и добро истолчете ги. Додадете мраз, лимончело и џин. На крај ставете тоник и декорирајте со кора од лимон.

The Bastard

  • 9 cl сок од грејпфрут
  • 3 cl сок од зелен лимон
  • 6 cl Tres Sombreros Gold
  • 3 cl шеќерен сируп или агаве сируп

Врвот на чашата порабете го со зелен лимон и сол. Сите состојки ставете ги во шејкер полн со мраз и добро протресете. Додадете мраз во чашата и процедете го коктелот. Декорирајте со парчиња грејпфрут или зелен лимон.

За да направите шеќерен сируп, само загрејте еднакви делови на шеќер и вода сѐ додека шеќерот не се раствори, а потоа оставете ја смесата да се олади.

The King in The North

  • 6 cl црвено вино
  • 1,5 cl Badel Prima Brand
  • 1,5 cl шеќерен сируп
  • 3 мараскино цреши

Сите состојки ставете ги во шејкер со мраз и протресете добро. Сервирајте во висока чаша полна со мраз и декорирајте со мараскино цреши.

За да направите шеќерен сируп, само загрејте еднакви делови на шеќер и вода сѐ додека шеќерот не се раствори, а потоа оставете ја смесата да се олади.

И не заборавајте, пијте малку, но пијте добро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*