Ако ги пробавте Велигденските коктели #1 ви подготвивме уште неколку рецепти за вистинско празнично уживање. 😊
Rosemary, Grapefruit & GIN
Сируп од рузмарин:
- 1/2 чаша шеќер
- 1/2 чаша вода
- 2 гранки рузмарин
Во сад ставете ги водата и шеќерот и оставете ги да зовријат. Намалете ја температурата и на тивок оган оставете ги да стојат уште 3 минути. Згаснете го оганот и оставете го садот да стои уште 5 минути. Додадете го рузмаринот и оставете да отстои додека не се олади. Процедете и тргнете ја смесата на страна.
Состојки за коктелот:
- 45 ml Sax Gin
- 120 ml сок од грејпфрут
- 30 ml сируп од рузмарин
- мраз
- свеж рузмарин и парчиња грејпфрут за декорација
Во шејкер ставете џин, сок од грејпфрут, сируп од рузмарин, голема лажица мраз и силно протресете. Во чаша ставете мраз и сипете ја смесата. Декорирајте со свеж рузмарин и парче грејпфрут.
Strawberry Chamomile Paloma
Сируп од камилица:
- 3/4 чаша вода
- 1/3 чаша мед
- 1-2 кесички чај од камилица
Во сад ставете ги водата и медот и оставете ги да зовријат. Намалете ја температурата и на тивок оган оставете ги да стојат уште 1 минути. Згаснете го оганот и тргнете го садот на страна. Додадете ја кесичката чај и оставете да отстои 5-10 минути во затворен сад. Извадете ја кесичката и оставете да отстои додека не се олади. Ставете ја смесата во фрижидер да се олади.
Состојки за коктелот:
- 90 ml сок од грејпфрут
- 2-4 лажици сируп од камилица
- 60 ml Rio Club текила
- 4 исечкани јагоди
- кршен мраз
- газирана вода
Во чаша ставете сок од грејпфрут, сируп од камилица, текила и јагоди. Со толчник нежно притиснете ги јагодите за да го испуштат својот сок. Ставете една рака мраз и додадете газирана вода. Промешајте и доколку не ви е доволно благо, може да додадете уште сируп од камилица. Декорирајте со јагоди.