Инспириран од градот, Dubliner Irish Whiskey го доловува ликот на Даблин. Богата култура, карактеристичен карактер и жива личност, Dubliner ги има сите квалитети кои го прават градот толку посебен.
Мешавина од single malt и житни вискија. Со свежи ароми на јаболка и слад и суптилен допир на зачин. Стареен е во буриња од бурбон, давајќи му вкус на мед и глатка карамелизирана завршница. Со своите глатки и суптилни квалитети Dubliner Irish Whisky е совршен вовед во ирското виски. Се консумира и само со мраз и во комбинација во ирско кафе и коктел.
За квалитетот на Dubliner говорат и наградите кои ги добива за својот квалитет. Последно во низата признанија, The Dubliner Irish Whiskey освои злато на „San Francisco World Spirits Competition“, една од најпрестижните награди во глобалната индустија за алкохол.
Успехот на Dubliner во овој меѓународно признаен натпревар, кој е оценуван од страна на некои од најпочитуваните експерти во индустријата, го покажува исклучителниот квалитет на ова виски, стручно направено од мастер дестилерот, Дарил Мекнали.
“Ова е извор на огромна гордост, да се види како нашето ирско виски продолжува да добива признија од индустријата, не само за мене, туку и за целиот тим во Даблин.”, вели Мекнали.