Зголемените температури и сончевото време навестуваат дека пролетта ни е на прагот.
Со доаѓањето да пролетта, расцветаните дрвја и распеаните птици, доаѓаат и ноќи исполнети со дружби и одлични коктели.
Еве ги нашите предлози за коктели кои ви ги препорачуваме оваа пролет.
Gin Rickey
- 6 cl Sax Gin
- 12 cl газирана вода
- 1 зелен лимон
Во висока чаша ставете мраз. Додадете го џинот и зелениот лимон врз мразот и додадете ја газираната вода. Декорирајте со парче зелен лимон.
Honey Bee
- 6 cl Key Rum
- 1/2 лажица мед
- 1/2 лажица вода
- 1.5 сок од лимон
Промешајте го медот со топла вода додека не се раствори. Потоа додадете го во шејкер со мраз, заедно со румот и сокот од лимон. Протресете добро и послужете.