Историја на коктелите

Летото е познато по плажата, морето, сонцето и… коктелите. Сте се запрашале ли некогаш од каде настанале овие коктели со забавни рецепти и уште позабавни имиња?

Официјалната историја на коктелите започнува некаде на почетокот на 19 век. Првата употреба на зборот „коктел“ во печатот била во 1803, во Farmer’s Cabinet, весник од Амхерст, Њу Хемпшир. Се однесува на некој човек што за отрезнување испил „чаша коктел – одличен за главата…“

Очигледно, ова се однесува на лек за отрезнување на тој начин што утрото се пие пијалок со помалку алкохол за да се намалат симптомите на пијаност.

Коктелот, како што сите знаеме, е мешан пијалок, и најчесто содржи еден или повеќе алкохолни поијалоци и ликери и може да содржи и сокови, газирана вода и останати пијалоци кои додаваат вкус или боја. Најчесто се декорира со овошја или елементи кои не можат да се јадат, како чадорчиња и пластични цевки.

Во 19 век, полека коктелите од лек за трезнење, станувале популарни напитоци на забавите на богатите аристократски фамилии во САД, но биле релативно непознати за најголем дел од населението.

Се смета дека најголемата причина за бумот на коктелите е Прохибицијата – период од 1919 до 1933 во кој во била забранета секаква продажба на алкохол во САД. Прохибицијата предизвикала огромно незадоволство и појава на нелегална алкохолна индустрија, која неретко произведувала пијалоци со сомнителен квалитет. Сопствениците на нелегалните барови започнале да служат алкохол помешан со сокови и кремови за да го скријат од полицијата, но и да го прикријат лошиот вкус на алкохолот.

После крајот на Прохибицијата, бармените биле слободни да експериментираат со алкохолот и други коктели и така започнала ерата на коктелите, која трае и денес, со подеми и падови.

Скорешен подем на коктел културата се случил во 70тите и 80тите години кога историски најкористените алкохоли за коктели како џинот и румот, биле потиснати од водката.

Денес, правењето и пиењето коктели е дел од современата култура на развиените земји, и израз на желба на забава, но и софистицираност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*