Снежен пијалок за домашно уживање

Снегот носи различни зимски авантури и лудории. Откако ќе завршите со правењето снешко или со борбата со снежни топки, загрејте се топол пијалок. Наш предлог е да го направите овој едноставен и брз рецепт со топло чоколадо и Шток.

Состојки:

  • 1/4 чаша какао
  • 1/4 чаша чоколадо
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/4 лажица чили во прав
  • 2 чаши полномасно млеко
  • 9 cl Stock 84
  • Карамелa или шлаг за декорација

Додадете го какаото, чоколадот, шеќерот, чилито и млекото во мало тенџере. Загрејте на средна топлина, постојано мешајќи за да се стопи чоколадото и да се соедината состојките. Внимавајте смесата да не зоврие.

Додадете Шток и сервирајте во две чаши. За декорација додадете карамелa или шлаг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*