Заедно со Рецептите на Ане ви подготвивме колачиња со Pelinkovac кои сме убедени дека совршено ќе вклопат во вашата новогодишна трпеза.
Потребни состојки:
- 250 gr путер
- 200 gr шеќер
- 50 gr кафеав шеќер
- 1 јајце
- ванила екстракт
- 100 ml Pelinkovac Orange
- 400 gr брашно
- 120 gr темна чоколада
- сода бикарбона
- сол
Начин на подготовка:
- Путерот се растопува на тивок оган додека дојде то течна состојба. Истото може да се направи и во микро на 40 секунди, па потоа се става во длабок сад за матење.
- Се додава кафениот и белиот шекер и се мати 1 до 2 минути (подобро е доколку шекерот е во прав).
- Се додава јајцето, една лажичка екстракт од ванила и 100мл пелинковац од портокал и се мати 10 на секунди.
- Додадете го брашното, пола лажичка сода и прстофат сол.
- Се мати со миксерот додека се добие тестеста смеса.
- Тргнете го миксерот и месете го тестото во истиот сад додека стане мазно и не се лепи на прсти (најверојатно ќе треба да се додаде уште малку брашно, по осет).
- Исецкајте ја чоколадата на ситни коцкички и додадете ја во тестото.
- Изрендајте кора од еден портокал во смесата.
- Со дрвена лажичка размешајте убаво за чоколадата и кората од портокал да се распределат насекаде низ тестото.
- Почнете да вадите малце по малце од тестото и формирајте топчиња.
- Во тавата можете да ставите хартија за печење, но и неморате ако не сакате.
- Топчињата се ставаат во тавата и се притискаат за да се формираат кругчиња.
- Рерната се загрева на 180 степени со вклучен вентилатор или 200 степени без опција вентилатор.
- Оставете ги да се печат 10 минути и извадете ги. Ќе ви изгледаат како непечени и меки на допир, но така и треба.
- На крај се оставаат во тавата 30на минути да се оладат.