Badel Pelinkovac по шести пат пријател на #твитернагради

Ни претставува особена чест и задоволство да објавивме дека и оваа година ќе бидеме дел од традиционалните #ТвитерНагради.

Твитер наградите се во организација на blokirame.mk, и опфаќаат повеќе од 15 категории, меѓу кои највлијателен твитерџија/ка, најдобар твит во 2018 итн. Номинациите ги прават самите блогери и твитерџии.

Победниците ќе се изберат по пат на гласање, а официјалното врачување на наградите ќе се случи на 22 декември 2018 во Кино Милениум. Како веќе редовни гости на настанот, ние ќе бидеме присутни на самиот настан и ќе го поддржиме.

Ова е наша шеста година на поддршка на македонската твитер заедница. Со уникатните Pelinkovac Gorki и Pelinkovac Orange ќе бидеме присутни на настанот, задолжени за весело наздравување на победниците и утеха на оние со помалку среќа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*