Рецепт: Колачиња со Stock Amaretto

Како што се ближат празниците, така доаѓа и времето за превкусни колачиња. Како големи љубители на бадем и Amaretto, подготвивме интересни колачиња кои сигурно ќе ви се допаднат.

Состојки:

  • 220 gr путер или маргарин на собна температура
  • 120 gr шеќер
  • 250 gr брашно
  • прашок за пециво
  • 1 големо јајце, одвоено
  • 3 супени лажици Stock Amaretto
  • 2 лажички рендана кора од портокал
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 1/4 чаши исечени бадеми

Начин на подготовка:

Во голем сад, со миксер на средна брзина, миксирајте ги путерот и шеќерот додека не се изедначат. Додајте жолчка од јајце, ликер од бадеми – Stock Amaretto и кората од портокал и миксирајте додека не се соединат состојките.

Во друга чинија, измешајте го брашното, прашокот за пециво и сол. Додајте ги во путер смесата и измешајте добро. Соберете го тестото во топка, поделете го на половина, и израмните го секој дел во форма на диск; обложете ги сите цврсто во пластична фолија и замрзнете додека не се доволно цврсти за да се тркалаat без лепење, околу 30 минути.

Извадете го тестото и со сукало израмнете ги дисковите на дебелина од отприлика 1 cm. Со калап за колачи во форма на круг исечете ги колачињата од тестото и наредете ги во тава обложена со хартија за готвење.

Во мал сад, изматете ја белката со 1 лажичка вода за да се соединат. Со четка премачкајте ги колачињата со оваа смеса и одозгора посипете ги бадемите.

Печете ги колачиња на 175º додека не добијат златесто-кафеава боја, или околу 15 минути. Дозволете колачиња да се оладат 5 минути, па потоа сервирајте.

Добар апетит!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*